Нафтата вчера го заврши денот со раст на цената
Цените на нафтата порасна вчера на меѓународните пазари, втор ден по ред.
Тоа е поради оптимизмот дека производителите надвор од ОПЕК ќе се придружат на настојувањата на Организацијата за ограничување на производството.
На лондонската берза цената на барелот во претпладневното тргување зајакна 12 центи на 54,01 долари. Во Њујорк барелот се тргуваше за 32 центи повисока цена, од 51,16 долари.
Претставниците на земјите членки на ОПЕК ќе се сретнат во сабота во Виена со производителите надвор од тој картел, за да побараат нивна помош во решавањето на глобалната презаситеност.
ОПЕК во одвоен извештај објави дека цената на барелот на неговата референтна кошничка во четврток изнесувала 50,04 долари, што е 18 центи помалку во однос на претходниот трговски ден.
Норвешка како европска земја која има најголемо учество во производството на сурова нафта се очекува да има најголем ќар од постигнатиот договор меѓу ОПЕК и Русија.
