Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАФТАТА СТАНА СВЕТСКА НОЌНА МОРА: Еве колку стигна цената

НАФТАТА СТАНА СВЕТСКА НОЌНА МОРА: Еве колку стигна цената

Трескавичните напори на купувачите на светските пазари на нафта да обезбедат доволни количества од овој извор на енергија поради страв од потенцијален недостиг предизвикаа денеска експлозија на цените на „црното злато“.

По поскапувањето од 21 отсто минатата недела, европската нафта Брент продолжи да расте утринава поради ризикот САД и Европа да воведат санкции за извозот на руска нафта.

Во раното азиското тргување, цената на брент порасна за 18 отсто или 11,84 долари, на 129,8 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI зајакна за 10,29 долари на 126 долари, покажуваат податоците на порталот oilprice.com, кој ги следи цените на нафтените пазари во реално време.

„Ако Западот го забрани најголемиот дел од рускиот извоз на енергија, тоа би било голем шок за глобалните пазари“, рече Итан Харис, главен економист во Bank of America (BofA).

Тој проценува дека загубата од 5,0 милиони барели од Русија може да доведе до удвојување на цената на нафтата на 200 долари за барел и намалување на светскиот економски раст.

Харис истакнува дека, покрај нафтата, дивиот раст на цените ги погодил и сите пазари на суровини, што не се памети во ниту една година од 1915 година наваму. Во прилог на тоа наведува дека минатата недела никелот скокнал за 19 отсто, алуминиумот за 15 отсто, цинкот за 12, а бакарот за 8,0 отсто, додека пченицата на терминскиот пазар поскапела за 60 отсто, а пченката за 15 отсто.

Според експертот од BofA, тоа само ќе придонесе за нагорно движење на глобалната инфлација.

Слично

Поврзани вести