Нафтата скокна, скокнаа и цените на бензините
Денеска на светските берзи цените на нафтата забележаа благ скок и предизвикаа цените на енергенсите во Македонија да се зголемат.
Имено регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени со кои од вечерва цените на бензините и дизелот се покачуваат за 3, односно 4 денари.
Според методологијата за пресметка на цените која ја користи Регулаторната Комисија за Енергетика, од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат во просек за 7.74%. Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 3.00 денари, и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 65, односно 67 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 4 денари, и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 55 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.
