Нафтата скокна, но уште е близу до рекорден минимум!
Цените на нафта во Азија пораснаа, но се задржаа близу до повеќегодишниот минимум пред извештајот за залихите во САД, во услови на презаситеност на пазарот на нафта.
Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во јануари поскапела 58 центи на 38,09 долари за барел, а сировата нафта од типот „брент“ за 48 центи на 40,74 долари , исто така за јануарската испорака, пренесе Франс прес.
Аналитичарите очекуваат дека денешните податоци ќе покажат дека во неделата, заклучно со 4 декември, дошло до ново зголемување на комерцијалнте залихи на нафта во САД, што ќе допринесе за зголемување на и така обемните залихи на светскиот пазар.
Минатонеделната одлука на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да не го намалува актуелно високото ниво на производство исто така врши притисок на пазарот, наведуваат аналитичарите.
Цената на „брент“, вчера накратко падна под 40 долари за барел, прв пат од февруари 2009 година.
„Веруваме дека актуелната состојба со обемните глобални залихи ќе се задржи и во наредните години, а во прилог на тоа оди и одлуката на ОПЕК да продолжи со политиката не преземање интервенции на пазарот, со што важните одлуки се одложени за наредниот состанок на картелот во јуни 2016 година, се наведува во коментар наа компанијата БМИ рисерч.
Членките на ОПЕК моментално произведуваат 32 милиони барели нафта дневно, што е над договорената цел на групата од 30 милиони барел нафта дневно, наведува Франс прес.
