Нафтата скокна 60 долари за барел по тензиите на Блискиот Исток
Цената на нафтата се зголеми за 4 отсто по почетокот на воената операција на Саудиска Арабија против шиитските бунтовници во Јемен.
Нафтата од типот „Brent“ поскапе за 1,70 долари до 58,18 долари за барел, а онаа за американскиот репер „WTI“ - за 1,89 доалри до 51,10 долари за барел.
Податоците за нафтата од типот „Brent“ со испорака во април покажуваат дека се зголемила до 59,41 долари за барел, како што во текот на тргувањето било регистриран скок од речиси 6% до 59,78 долари. Американската лесна сурова нафта се зголемила за 6,1% до 52,21 долари за барел - блиску до врвот за 52,48 долари за барел.
Саудиска Арабија и нејзините сојузници во регионот на Персискиот залив почнаа воена операција против шиитската група хуси. Трговците и извозниците на нафта стравуваат дека ситуацијата на Блискиот Исток, дека еден од главните снабдувачи на суровината за светскиот пазар, може да излезе од контрола. Ситуацијата се усложнува и од фактот дека хусите се поддржувани од Иран, која сака да го зајакне своето влијание во регионот.
„Саудијците почнаа воени дејствија, бидејќи, според нив, хусите добиваат поддршка од Иран. Тоа зборува за опасноста од воената операција да прерасне во регионален конфликт. Владата на Кина е загрижена од ситуацијата“, изјавил директорот на Центарот за блискоисточни студии на Кинескиот институт за надворешно-политички студии Ли Гофу.
Блискиот Исток е исто така голем снабдувач на течен природен гас, кој го извезуваат во Јемен и Катар, но засега не се забележани причини за загриженост.
Аналитичарите истакнуваат дека нема да дојде до дефицит во понудата на нафта, бидејќи резервите на земјите кои не се членки на ОПЕК, остануваат високи.
