Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата сега е најевтина во последните три месеци

Нафтата сега е најевтина во последните три месеци

Цените на нафтата денеска малку паднаа, па суровата нафта се продава за 73 долари за барел, а цената на нафтата од типот Брент за 77 долари.

Ова е најниското ниво на цени во последните три месеци благодарение на знаците за напредок во американско-иранските мировни преговори, што ги ублажи загриженостите за понудата, објавува порталот „Трејдинг економикс“.

Германскиот DAX падна за 1,03 проценти, московскиот MOEX за 0,32 проценти, францускиот CAC 40 за 0,55 проценти, а британскиот FTSE 100 за 0,66 проценти.

Вредноста на еврото во однос на доларот денес е 1,14 долари.

Слично

Поврзани вести