Нафтата се трупа, нервоза меѓу нафташите
Цените на нафтата се одлепија од 12 годишниот минимум, на кој паднаа како резултат на глобалната криза на берзите која ја предизцика Кина.
Меѓутоа, инвеститорите и понатаму се нервозни поради суфицитот на понудата на „црното злато“.
Колапсот на кинеските берзи ја зголемува загриженоста во поглед на економското забавување на таа земја и влијание кое тој може да го има на побарувачката на нафта, известува Франс прес, со потсетување дека Кина е втората најголема светска економија и водечки потрошувач на енергија.
Американската „лесна“ нафта WTI за испораки во февруари се зголеми во азиското тргување, утрово околу 6,00 часот по Гринич, за 69 центи или 2,07 одсто, на 33,96 долари а нафтата од типот „брент“ исто така за февруарските испораки, пораснала за 73 центи, или 2,16 проценти, на 34,48 долари.
Нафтата WTI вчера во еден момент паднала на 32,1 долар , на најниско ниво од декември 2003 година, додека „брент“ се спушти на 32,16 долари, на минимум кој последен пат е забележан во април 2004.
Пекинг синоќа се обиде да го смири пазарот со укинување на системот „автоматско осигурување“ кое доведе до запирање на трговијата на акциите два пати оваа недела, а кинеската централна банка благо го подигна курсот на јуанот кон доларот после осум последователни неделни падови на вредноста на домашната валута.
Претходно Пекинг вчера го урна курсот на јуанот на петгодишен минимум кон американската валута, што додатно ги здрма берзите ширум светот и ги собори цените на нафтата на 12-годишен минимум.
„Терминската понуда на нафта денес наиде на нешто подобра побарувачка, дојде до благо подобрување на расположението на пазарот после синоќешната одлука на централната банка на Кина за средниот курс на јуанот на помалку илип повеќе исто ниво како претходниот ден“, изјави пазарниот стратег во компанијата „IG markets“ во Сингапур, Бернард Оу.
Цените на нафтата се веќе под притисок поради константно преголемите понуди, после високото ниво во ОПЕК, бидејќи произведувачите на „црно злато“ се борат за пазарни удели.
И покрај почетното опоравување на цената на стартот на 2016, продлабочувањето на дипломатскиот судир помеѓу клучните членки на ОПЕК, Саудиска Арабија и Иран, ги намали изгледите дека „нафтениот картел“ ќе прифати да го намали производството поради падот на цените, велат аналитичари.
