Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата се тргува за повеќе од 84 долари за барел

Нафтата се тргува за повеќе од 84 долари за барел

Цената на нафтата надмина 84 долари. 

На лондонската берза цената за барел скокна за 62 центи и изнесува 84,05 долари. На американската берза цената на барелот се зголеми за 82 центи и се продаваше за 82,75 долари. Американската инвестициска банка „ЏиПи Морган Чејз“(JPMorgan Chase) процени дека по минатогодишниот колапс глобалната побарувачка на нафта во ноември скоро се вратила на нивото пред пандемијата, на 100 милиони барели дневно. 

Водечките производители во декември и првите месеци од следната година планираат да ја зголемат понудата за само 400.000 барели дневно. Цената може да скокне на 120 долари за барел. 

Слично

Поврзани вести