Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата се тргува во тесни граници пред Кинеската нова година

Нафтата се тргува во тесни граници пред Кинеската нова година

Нафтата се тргува во тесни граници за време на азиската трговија денеска во пресрет на Кинеската нова година, кога голем број пазари ќе бидат затворени, објави Investing.com.

Американската лесна сурова нафта WTI поевтинува со 0,28% до 53,63 долари за барел, а европскиот репер Брент падна со 0,52% од цената до 55,95 долари за барел до 11 часот.

Подоцна компанијата за услуги во нафтената индустрија Baker Hughes ќе објави каква е промената на бројот на нафтените платформи во САД оваа недела. Минатата недела беше забележан раст од 29 платформи - најголемото покачување за околу четири години. Така бројот достигна 551, што е највисока вредност од ноември 2015 година

Производството на нафта во САД се зголеми за над 6% од средината на 2016 година, но останува со 7% под максимумот од 2015 година и сега е на нивото од крајот на 2014 година, кога цената го започна драстичниот пад од 100 долари за барел.

Повисоките приноси во САД го охрабрија поскапувањето, по постигнатиот договор меѓу ОПЕК и големи производители надвор од картелот за намалување на производството. Земјите се согласија да ја намалат понудата со близу 1,8 милиони барели дневно, иако засега е постигнато намалување во износ од 1,5 милиони барели дневно.

Слично

Поврзани вести