Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата се опоравува, но останува под 30 долари за барел

Нафтата се опоравува, но останува под 30 долари за барел

Цените на нафтата пораснаа во азиското тргување донесувајќи му го потребниот здив на ослабнатиот пазар на таа сировина.

Трговците и понатаму се внимателни бидејќи премногу обилната понуда и слаба побарувачка, кои ја потопија цената на 12 годишен минимум, не покажуваат знаци на попуштање.

Од почетокот на 2016 година цените на двата типа нафта,а мериканска „лесна“ и „брент“, паднаа околу 25 одсто.

Американската „лесна“ нафта  WTI падна вчера под 27 долари за барел прв пат од мај 2003 година, неколку дена откако „брентот“ се лизна под 28 долари.

Меѓутоа, побарувачката кај купувачите привлечени од „азиската цена“ на овој енергент денес и пружи блага поддршка на нафтата.

Нафтата WTI за испорака во март пораснала за 34 центи или 1,20 одсто на 28,69 долари за барел, додека „брентот“ поскапе за 38 центи или 1,36 проценти на 28,26 долари.

Цената на американската „Лесна“ нафта вчера, последниот ден на договарање за февруарски испораки, спласнала во еден момент на Њујоршката берза дури на 26,19 долари за барел , за да на затворањето заврши на ниво од 26,55 долари, што е најниско од мај 2003.

Очекувањата дека извештајот на американската управа за енергија кој треба да биде објавен подоцна денеска, ќе покажат уште еден раст на комерцјални залихи на „црното злато“ во САД, ги ограничиле добивките, велат аналитичари.

Цената на нафтата падна околу 75 проценти од средината на 2014 година, погодена од преголемата понуда , хиперпродукција, слаба побарувачка и забавен раст на глобалната економија, посебно Кина.

„За нафтата која веќе падна толку ниско, клучен проблем се основните побарувачки принципи“, вели аналитичар од компанијата „Филип фјучерс“ Даниел Анг, алудирајќи на тоа дека залихите и понатаму продолжуваат да ја надминуваат побарувачката.

Слично

Поврзани вести