Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата рипна, од полноќ гориво ќе се точи по зголемени цени

Нафтата рипна, од полноќ гориво ќе се точи по зголемени цени

Цените на нафтата во текот на денешното тргување во Азија се зголемија, поттикнати од немирите на нафтено богатиот Блиски исток, а поддршка добиле и во вид на надеж дека падот на производство на нафта во САД ќе допринесе за намалување на глобалните залихи на тој енергент, наведуваат аналитичарите.

Американската „лесна“ нафта  (WTI) за испорака во мај поскапе на Њујоршката берза 68 центи на 56,42 долари, додека нафтата од типот брент за мајска испорака во Лондон поскапе 70 центи на 64,15 долари.

Цените на нафтата пораснаа од минатата недела благодарение на вестите дека производството на тој енергент од американски шкрилци е во пад. Нафтата од јуни минатата година до јануари оваа година изгуби повеќе од 50 одсто од вредноста во светло на преголемата понуда и слаба побарувачка.

Поскапувањето на суровата нафта на светските берзи и курсот на доларот во однос на денарот предизвика покачување на цените кај нас.

Денеска Регулаторната комисија за енергетика  да ги зголеми цените на нафтените деривати.

Имено денешната одлука нема да ги израдува возачите.

Бензините и Дизелот поскапуваат за 1,5 денари  по литар.

Литар ЕУРОПСУПЕР од 95 октани, од полноќ  ќе се точи по цена од 69  денари. Еуропсупер од 98 октани ќе чини 71 денари за литар.

Цената на дизелот ќе изнесува 54.5 за литар.

Слично

Поврзани вести