Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата повторно „се лизга“ под 40 долари

Нафтата повторно „се лизга“ под 40 долари

Цените на нафтата на светските пазари го завршија тргувањето доцна синоќа на занемарливо ниско ниво.

Стравот на трговците поради преобемната понуда спласна после вестите за намалување на бројот на нафтени платформи во САД.

Американската „лесна“ нафта „WTI“ за испорака во мај се лизна на најниско ниво за 33 центи на 39,46 долари за барел на берзата во Њујорк.

Северноморската нафта „брент“ за мајски испораки ослабна само три центи на 40,44 долари за барел, бидејќи инвеститорите и понатаму биле под влијание на официјалниот извештај од САД, објавен ден претходно, за растот на американските залихи на нафта за огромни 9,4 милиони барели претходната недела.

Меѓутоа, цените набрзо се опоравија после вчерашниот извештај на компанијата „Бејкер Њуз“ кој покажал дека бројот на активни бушења во САД е намален за 15, во неделата заклучно со 25 март.

Падот на бројот на нафтени платформи „понудил одредена поддршка на пазарот, покрај страшниот извештај на американската Управа за енергетски информации за залихите“, вели Енди Липов, консултант во нафтената индустрија Хјустон.

„Пазарот се обидува да се оправи, но ќе остане притиснат со високите нивоа на залихи доколку навистина не бидат некои конкретни акции на ОПЕК и произведувачите надвор од нафтениот картел во поглед на намалување на производството“, додал тој.

Аналитичарите сметаат дека вака големиот раст на залихи укажува на тоа дали „нишањето“ на пазарите ќе продолжи.

Поради празнувањето на католички Велигден голем број на берзи во светот денес не работат.

Слично

Поврзани вести