Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата потона до 12-годишен минимум

Нафтата потона до 12-годишен минимум

Девизен пазар Стоковите валути беа заробени меѓу стабилизирањето на кинескиот јуан, од една страна, и падот на стоките - од друга страна. При австралискиот и новозеландскиот долар имаше константно движење за кратко, но генерално опаѓачкиот тренд останува на сила. Ниво на отпор при AUD треба да биде нивото околу 0.7080, а при NZD зоната околу 0.6650-0.6670. USD / CAD продолжува со нагорно движење. Двојката успеа да го достигне врвот на 1.4240 а растечкиот тренд продолжува да е во сила.

Во Азија двојката USD / KRW сеуште се тргува во близина на највисоките нивоа за последната година. USD / IDR се движи во рамките на ценовен канал на 100- дневната и 200- дневната лизгачка средина. USD / BRL потврдува пробив кај 4,00 и е на пат да ги достигне врвовите од 2015 година. Слабеењето на бразилската валута е резултат на падот на стоковите пазари, а стоката ја формираат речиси половина од бразилскиот извоз. Во изјава неодамна Локхарт - претседател на Банката на федерални резерви за Атланта, изјави дека ако нестабилноста на пазарите се задржи неколку недели, тоа може да има врска со американската економија.

Суровини За време на трговијата вчера златото запиша пад, отстапи до 1096 долари за унца. Причина за падот на цената на благородниот метал се податоците од петок за вработување во неселскостопанскиот сектор на САД, кои се покажаа како подобри од очекуваното. Клучно ниво на отпор за златото е пределот околу 1119 долари. Среброто исто така, ја заврши сесијата на црвена територија. Благороднот метал падна 0.71 проценти, достигнувајќи 13.90 долари за унца Цените на платината и паладиумот беа под притисок поради посилниот долар. Платината поевтини за 3,4 отсто до 847 долари. Падот кај бакарот имплицира повеќе проблеми пред рударските компании. Металот ја заврши сесијата со ново намалување, поевтинувајќи со 1.4% до 197 долари. Нафтата продолжува со слабата презентација. За време на трговијата вчера, црното злато забележа рекорден пад од над 5%, достигнувајќи 31 долари за барел. Ова е најниско ниво од 12 години.

Пазари на капитал Кинеските берзи продолжија да се под притисок, а водечките кинески индекси ја завршија вчерашната трговија со 5-7% пад. Сепак европските и американските берзи се претставија релативно добро. Но цените на стоките и претежно на нафтата продолжуваат да се тешки, поради што акциите на енергетските компании се под притисок. Компаниите од рударскиот сектор реализираа сериозни намалувања: Glencore загуби 5.2%, Rio Tinto забележа пад од 2,4%, BHP Biliton поевтини за 2,5%, а хартиите од вредност на Freeport McMoran паднаа за 20%. Меѓу нафтени компании Royal Dutch Shell паднаа со 1.5%, BG Group загуби 2,4%, а Statoil поевтини за 2,8%. Во САД Dow Jones и S & P 500 завршија со раст од 0,3% и 0,1%. Технолошкиот индекс Nasdaq ја заврши сесијата со намалување од 0.1%.

Слично

Поврзани вести