Нафтата поскапе после падот на залихите
Терминските цени на нафтата во текот на денешното тргување во Азија пораснаа, откако податоците од САД покажале дека залихите на нафта во таа земја се намалени, наведуваат аналитичари.
Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во септември поскапе на Њујоршката берза 13 центи на 48,92 долари, додека нафтата од типот „брент“ за септемвриска испорака во Лондон поскапела 32 центи на 53,70 долари.
Цените на двата вида нафта пораснаа вчера кога американската Агенција на информирање за енергетика соопштила дека залихите на нафта во неделата заклучно со 24 јули се намалени за 4,2 милиони барели, значајно повеќе во однос на 200 000 барели, колку што прогнозираа аналитичарите. Агенцијата исто така наведува дека производството на нафта во САД во даден период е намалено.
Федералниот комитет за операции на отворен пазар (FOMC) вчера советуваа дека каматните стапки засега нема да растат, укажувајќи, меѓутоа, на јакнењето на американската економија. Аналитичари веруваат дека стапките ќе бидат подигнати во септември.
Шел дели 6500 откази поради падот на цената на нафтата
Англо-холандската енергетска групација „Rojal Dač Šel“ соопшти денес дека оваа година ќе го намали бројот на работна сила за 6500 лица како последица на падот на цената на нафта и комплетирањето на преземањето на британскиот ривал Бритиш петролеум.
„Моментално ниските цени на нафта можат да потраат неколку години, а нашите потези ја отсликуваат денешната пазарна реалност“, навела компанијата.
Шел претходно оваа година откри дека ќе го преземе БП за 47 милијарди фунти (67 милијарди евра).
Најголемиот британски дистрибутер на електрична енергија, Сентрик, исто така соопшти дека ќе врачи 4000 откази во рамки на програмот сечење на трошоци до 2020.
Цените на нафта од јуни минатата година изгубиле половина вредност и се спуштиле на околу 50 долари за барел во светло на силната глобална понуда на тој енергент.
