Нафтата полета „низ брдо“, трговците го собраа кајмакот
Нафтата повторно тргна низбрдо во тргувањето во Азија, бидејќи трговицте ги собраа добивките после растот на цените кои достигнаа највисоко ниво во оваа година.
Цените на „црното злато“ скокнаа вчера, втор ден последователно, на ново највисоко ниво во 2016 година, после соопштението дека американската Управа за федерални резерви ги остави каматните стапки непроменети како и после падот на производството во САД, пренесе Франс прес.
Податоците на американската влада покажаа дека производството на нафта паднало за 15 000 барели на 8,94 милиони барели дневно во неделата до 22 април, додека залихите биле на нависоко ниво од октомври 1929 година, на 540,6 милиони барели.
Американската лесна нафта „WTI“ за испорака во јуни ослабна денес за 34 центи на 44,99 долари за барел, додека северноморската нафта „брент“ за јуни поефтини за 37 центи на 46,81 долар.
Ова е резултат на тоа што профитите се соберени поради растот на цената кој го поттикна пазарното расположение а не пазарниот фундамент, вели Питер Ли, аналитичар за нафта и гас во компанијата БМИ Рисерч, со седиште во Сингапур.
„Секој сега е оптимист во поглед на цената на нафтата. Било каков сигнал за падот на производството е добар знак“, рекол Ли за франс прес.
