Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата поевтинува во очекување на податоци за резервите во САД

Нафтата поевтинува во очекување на податоци за резервите во САД

Цените на нафтата се намалија за време на азиската трговија и запишуваат падови и денеска наутро, соопштува Ројтерс.

Американската лесна сурова нафта WTI поевтинува со 0,73% до 51,41 долари за барел, додека цената на европскиот репер Брент се намалува со 0,49% до 54,67 долари за барел до 10.15 часот.

Пазарите ги очекуваат подоцна во текот на денот  податоците за резервите во САД од страна на Американскиот нафтен институт. Во средата, пак, излегуваат официјалните податоци на администрацијата. 

Во понеделникот цените на суровините достигнаа нов едногодишен врв, за разлика од подемот од минатата недела, кога беше склучен договорот за намалување на производството во ОПЕК.

Сепак инвеститорите се претпазливи, бидејќи не е сосема сигурно дали сите 14 членки на картелот ќе ги почитуваат договорените ограничувања.


Слично

Поврзани вести