Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата поевтини за 20 центи

Нафтата поевтини за 20 центи

Се намали цената на нафтата. 

Инвеститорите вложуваат во сигурен имот поради растот на новозаболени со коронавирусот во светот и поради тензиите помеѓу САД и Кина.

Цената на северноамериканската нафта брент се намали за 20 центи или за 0,5 проценти и се тргуваше за 43,14 долари за барел, а американската ВТИ (WTI) нафта забележа пад од 14 цени или 0,4 отсто и барел се тргуваше за 41,15 долари.

САД произведува помалку нафта. 

Инвеститорите се обидуваат и да ги согледаат евентуалните последици од ураганот „Хана“, кој за време на викендот го погоди брегот на Тексас. 

Производителите и преработувачите на нафта велат дека не очекуваат последици од ураганот.

Хана, првиот ураган од годинешнава сезона на Атлантикот, ослабна откако во неделата го погоди Тексас. Силниот ветар превртуваше камиони и уриваше далноводи, но и дел од ѕидот на границата со Мексико.

Слично

Поврзани вести