Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата поевтини на светските берзи

Нафтата поевтини на светските берзи

На светските берзи цените на нафтата денеска се намалија. 

На лондонскиот пазар цената на барелот се намали за 2,6 отсто, на 117,50 долари, а на американскиот пазар цената на барелот падна за 2,9 отсто, на 110,55 долари, пренесе Хина.

Трговците се загрижени за затворањето на Шангај, што може да доведе до намалување на побарувачката за нафта во Кина. Таа е најголемиот увозник на нафта во светот.

Минатата недела имаше пораст на цените на нафтата. 

Во земјава од полноќ ќе имаме поскапи горива. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести