Нафтата поевтини, какви се прогнозите за следните месеци?
Нафтата поевтинува, но останува над 50 долари за барел.
Оптимизмот за договорот за намалување на производството во ОПЕК отстапува пред прашањата како точно ќе биде применет договорот, наведува Ројтерс.
Кон 10:15 часот Бретот се тргува со пад од 0,59% до 53,62 долари за барел, а американската лесна сурова нафта WTI поевтинува со 0,25% до 50,93 долари за барел.
Од среда Брентот и WTI поскапеа за над 10%. Аналитичарите сега се фокусирани на деталите за спроведување на договорот, иако за прв пат од 2001 година ОПЕК склучува договор со Русија, која не членува во картелот. Заедно овие држави се договорија за намалување од 1,5 милиони барели дневно.
Пазарот како целина останува оптимист на долг рок.
„Ова се добри вести, кои ќе имаат големо значење за нафтениот пазар во следните месеци"- вели Рик Спунар, главен пазарен стратег во CMC Markets.
Според него нема да биде изненадување ако цените продолжат да се зголемуваат.
