Нафтата поевтина од 45 долари!
Цената на нафтата на њујоршката берза утрово падна на 44,20 долари за барел, после изјавата на министерот за енергетика на Обединетите Арапски Емирати дека членките на ОПЕК на планираат да го намалат производството, бидејќи тоа би им било од корист само на американските дилери на нафта добиена од јаглени шкрилци.
[button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2015/01/13/emirati-tsenata-na-naftata-ne-mozhe-da-se-zashtiti/" target="blank" ]ЕМИРАТИ: „Цената на нафтата не може да се заштити!“[/button]
Денешната цена на лесна нафта е најниска од април 2009, а од јуни минатата година, кога барелот се продавал по 107 долари, пофтинила повеќе од 60 одсто.
Во понеделникот при затварањето на берзата лесната нафта на њујоршката берза е продавана за 45,72 долари за барел, додека нафатата од типот на брент на лондонската берза е продавана за 47,28 долари.
Само од почетокот на оваа година лесната нафта поефтинила за 15 проценти, додека нафтата од типот брент е пофтина за 18 одсто.
