Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата паѓа, се чекаат податоци за резервите во САД

Нафтата паѓа, се чекаат податоци за резервите во САД

Цените на нафтата забележаа пад во средата.

Инвеститорите ги очекуваат неделните податоци за нафтени резерви во САД, кои ќе бидат објавени подоцна денес од Администрацијата за енергетска информации.

Американскиот институт за нафта во вторникот соопшти дека резервите се зголемиле за 2,3 милиони барели минатата недела. Пазарите прогнозираа пад од 2,5 милиони барели.

Цените на американскиот сурова нафта WTI се намалија со 1,04% до 36,96 долари за барел, а оние на европскиот репер Брент запишуваат пад од 0,88% до 38,89 долари за барел.

И двата типа се тргуваа во близина на рекордно ниски нивоа а обилното снабдување продолжува да покажува опаѓачки притисок врз цените.

Генералниот секретар на ОПЕК Абдула ал Бадри изјави во вторникот дека следната година цените на нафтата може да тргнат нагоре. WBP online сепак наведува дека многумина аналитичари се песимисти и очекуваат дополнително поевтинување во 2016 година.

Бадри, посочи дека приносот од земји надвор од ОПЕК ќе падне за околу 400 илјади барели на ден следната година. Генералниот секретар очекува во следните две до три години да биде регистриран пад во глобалното производство на нафта.

Нигерискиот министер за нафта Емануел Ибе Качикву во вторникот рече дека ОПЕК може да свика итен состанок, ако цената на нафтата продолжи да паѓа. "Се очекува до февруари следната година да се види тенденција за пораст на цената на нафтата", рече тој.

Слично

Поврзани вести