Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата паѓа, ќе добиеме ли денес пониски цени на бензините?

Нафтата паѓа, ќе добиеме ли денес пониски цени на бензините?

Цените на нафтата паднаа бидејќи податоците од Кина укажуваат на слабеењето на преработувачката активност во најголемиот светски потрошувач на енергенти, трет последователен месец.

Цените претходно три дена беа во пораст во светло на намаленото производство на сурова нафта во САД и надеж дека тој фактор ќе допринесе за намалување на глобалните залихи.

Цената на американската „лесна“ нафта за испорака во декември паднала 21 цент на 46,38 долари, а цената на сурофата нафта „брент“ за декмвриска испорака пораснала два центи на 49,58 долари за барел откако поголем дел од утрото била во пад.

Падаотоците на американското Министерство за енергетика покажале дека производтсвото на нафта во САД во август е намалено за 45 000 барели дневно во однос на јули, на 9,3 милиони барели, а бројот на бунари е намален за 16 на 578 , додека во однос на лани истиот период активни се 64 бунари помалу.

„Економските податоци од Кина укажаа на неочекуван пад на активноста во преработувачкиот сектор трет месец по ред, како и на забавување на услужниот сектор. Тоа би можело негативно да влијае на пазарот на нафта и да спречи значаен раст на цените во претстојните недели“, оценува претседателот на секторот за нафта и гас од компанијата EY во Азија Санјев Гупт.

Индексот на управување со набавка, кој ја следи активноста во кинеските фабрики и работилници, мирува на 49,8 поени, како и претходниот месец, наведе кинескиот Завод за статистика. Секој резултат е над 50 поени укажува на раст, а пд 50 поени на пад на секторската активност.

Денес, регулаторното тело за енергетика на Македонија треба да ги соопшти новите цени по кои ќе се точат нафрените деривати во земјава од полноќ.

Ќе ви ги соопштиме веднаш што бидат споделени со јавноста.

Слично

Поврзани вести