Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата падна, се чека одлука на деценијата на Европската банка!

Нафтата падна, се чека одлука на деценијата на Европската банка!

Цените на нафтата денеска паднаа, во очи на долго очекуваниот состанок на Европската централна банка и објавувањето на најновиот извештај за американските залихи на нафта.

Барелот на американската „лесна“ нафта за испорака во март поефтинил и на меркантилната берза во Њујорк 29 центи на 47,49 долари, додека барелот на северноморската нафта од типот на „брент“ за мартовската испорака на пазарите во Лонодн поефтинил 10 денти на 48,93 долари.

„Се очекува висока нестабилност поради состанокот на ЕЦБ и резултатите од енергетскиот извештај“, изјавил инвестиционен аналитичар на сингапурската компанија „Филип фјучерс“, Даниел Анг.

Повеќето аналитичари очекуваат дека ЕЦБ на денешното заседание ќе покрене програм за купување на  средства, познат како квантитативно олабавување, сличен на оној што неодамна беше завршен во САД, со цел да се бори против дефлација во еврозоната.

„Ако ЕЦБ одлучи да покрене нов програм на квантитативно олабавување, еврото ќе ослабне. Ефектите од слабото евро ќе се прелијат на нафтата која така ќе стане поскапа за европските земји. Сепак, гледано на долг рок, ако мерките донесат опоравување на еврозоната, тоа дефинитивно ќе ја подобри побарувачката на нафта во тој регион“, изјавил Анг.

Американското министерство за енергетика подоцна треба да го објави извештајот за залихите на нафта во САД во неделата заклчно со 16 јануари, а проценките се дека залихите на сирова нафта пораснале за 2,7 милиони барел на 390,5 милиони барел.

Слично

Поврзани вести