Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата падна најниско во 11 години, може ли уште?

Нафтата падна најниско во 11 години, може ли уште?

Цената на сировата нафта од типот „брент“ падна на 11 годишен минимум во услови кога презаситениот глобалнен пазар e соочен со најавата за обновување на извозот на нафта од САД.

Нафтата од типот „брент“ за испорака во февруари поефтинила 44 центи на 36,44 долари за барел , додека американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во јануари поефтинила за 24 центи на 34,49 долари за барел, пренесе Франс прес.

„Немало никакви значајни показатели на забрзување на побарувачката и немаме воочено никакво обемно намалување на производството. Ништо значајно не се промени на пазарот во изминатите неколку месеци, освен цената“, изјавил главниот аналитичар од компанијата ЦМЦ Маркетс, Рик Спунер.

Како што извести Блумберг, цената на „брентот“ паднала за дури 71 цент на 36,17 долари за барел на Лондонската терминска берза ICE fjucers Jurop, што е најниска дневна цена од 13 јули 2004 година.

Од летото 2014 година, кога цената на нафтата беше преку 100 долари за барел, вредноста на таа сировина падна за преку 60 одсто. Цените посебно ослабнаа откако на 4 декември ОПЕК одлучи да не го намали рекордното ниво на производство, и покрај слабата побарувачка и прекумерни глобални залихи.

Загриженоста пораснала и минатиот петок, кога е соопштено дека во САД е зголемен бројот на бунари за 17 во неделата завршно со 18 декември, на вкупно 541 бунари.

Американските законодавци, исто така , минатата недела ја укинаа 40-годишната забрана на извоз на нафта, што означи историски пресврт, оценуваат аналитичарите.

Слично

Поврзани вести