Нафтата најефтина во последните шест години
Цената на американската нафта достигна рекорден пад во последниве шест години. Нафтата денеска падна на 41,35 долари за еден барел, што е најниска цена од почетокот на 2009 година, кога светската економија беше западната во рецесија.
Вредноста на нафтата паѓа веќе од јули, кога изнесуваше 61,43 долари за еден барел.
Тоа значи дека за еден месец, цената на нафтата е намалена за 20 долари.
Падод на нафтата се должи на зголеменото производство во САД и Канада, а влијание имаше и девалвацијата на кинеската валута.
Слично
