НАФТАТА НА УДАР НА ЦАРИНИТЕ: САД и Кина ја спуштија цената
По стапувањето на сила на новите царини на САД и Кина цената на нафтата денеска е во пад.
Воведувањето на тие царини предизвика загриженост од нови негативни последици по глобалниот раст и побарувачка за нафта.
Цената на брентот паднала за 16 центи на 59,09 долари за барел, додека американската „лесна“ нафта WTI поевтини за седум центи на 55,03 долари за барел.
САД вчера почнаа со воведување на 15-процентни царини на различни кинески производи, вклучувајќи облека, паметни часовници и телевизори со рамен екран, откако Кина воведе 5-процентна тарифа на американската нафта.
Тоа е прв пат на удар на тарифата да се најде нафтата откако две водечки светски економии пред повеќе од година дена почнале трговска војна.
Во САД, енергетските компании, девет месеци поред, го намалуваат бројот на бунари, на најниско ниво од јануари минатата година.
