Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата на светските берзи поевтини поради два фактори

Нафтата на светските берзи поевтини поради два фактори

Се намалија цените на нафтата на светските берзи. 

Тие денеска паднаа, по дводневниот пораст затоа што инвеститорите анализираат голем број фактори кои влијаат на понудата и побарувачката. Ги земаат во предвид ефектите од војната во Украина и мерките за затворање во Кина поради коронавирусот.

Нафтата Брент за испорака во наредните месеци (фјучерс договори) се тргува по цена од 107,7 долари за барел, и е пониска за 0,98 отсто од средата, а американската нафта WTI поевтини за 1,05 отсто на 103,2 долари за барел, покажуваат податоците од порталот oilprice.com.  Сепак, цените и на двата вида нафта и понатаму се значително повисоки за разлика од пред една недела.

Рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов изјави дека неговата земја е подготвена да продава нафта и нафтени деривати на т.н. пријателски земји во кој било опсег на цени, објави синоќа весникот Известија. 

Слично

Поврзани вести