Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата на колена, ја чека ли нокаут?

Нафтата на колена, ја чека ли нокаут?

Цените на нафтата се задржаа под 40 долари за барел, после одлуката на Организацијата на земјите извозници на нафта да не се намалува високото ниво на производство.

Вниманието на трговците сега се насочи на состанокот на ФЕД наредената недела.

Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во јануари поефтинила 37 центи на 39,6 долари за барел, а сировата нафта од типот „брент“ за 12 центи на 42,88 долари, исто така за јануарските испораки, пренесе Франс прес.

Членките на ОПЕК на состанокот одржан во петокот во Виена одлучиле да се воздржат од намалување на актуелното ниво на производство поради подигање на цените на нафта, изјавил претседавајќи со нафтениот картел и нигериски министер за нафта Емануел Ибе Качикво.

ОПЕК, чии членки заедно испумпуваат повеќе од една третина светска нафта, моментално произведува над официјалната цел од 30 милиони барели дневно, покрај прекумерните глобални залихи кои повеќе од половина ја преполовија цената на „црното злато“ за последните година дена.

Нема сомнение дека цените на нафтата се под притисок поради недостатокот на договор на состанокот на ОПЕК, што говори дека обемните залихи ќе се задржат подолг период“, изјавил аналитичарот на сингапурската компанија IG Markets, Бернард Oу.

Истовремено, аналитичарот на компанијата EY, Санџев Гипт, тврди дека во фокусот на пазарот сега е состанокот на ФЕД кој се одржува наредната недела и најновите економски податоци од Кина, која е најголем светски потрошувач на енергенти.

Tрговците следат дали Фед ќе ги подигне каматните стапки што е потег кој, како наведува Фрнас прес, би можел да ја гурне вредноста на доларот. Силниот долар ја прави нафтата поизразена во таа валута да стане поскапа за купувачите кои користат слаби валути, што ја намалува побарувачката и доведува до пад на цените.

Слично

Поврзани вести