Нафтата како во криза-цените вртоглаво паѓаат
Цените на нафтата паднаа во светло на очекувањата дека високите глобални залихи на тој енергент ќе потрајат и до крајот на следната година.
Аналитичарите проценуваат дека климатскиот договор од Париз нема значајно да влијае на движењето на цената на нафтата.
Иако ОПЕК одби да го намали производството на нафта, а се очекува дека иранската нафта наскоро ќе се врати на глобалната сцена, цената на “црното злато“ се спушти на ниво незабележано од почетокот на 2009 и глобалната финансиска криза.
Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во јануари поефтинила 16 центи на 35,46 долари за барел, а сировата нафта од типот „брент“ 26 центи на 37,67 долари, исто така за јануарските испораки.
Цените минатата недела паднаа повеќе од 12 одсто после одлуката на ОПЕК да го задржи нивото на производство на нафта.
Трговците исто така го исчекуваат овонеделниот состанок на американската централна банка на кој се очкеува подигање на каматните стапки, кои , по своја прилика, ќе доведат до јакнење на доларот, а силниот долар ја прави нафтата поизразена во таа валута поскапа за купувачите кои ги држат другите валути, што доведува до послаба побарувачка.
Министертите на земјите учесници на Меѓународната конференција за климата, која е одржана во Париз, усвоиле историски договор за ограничување на глобалното загревање, а го одобриле речиси 200 нации.
Спогодбата која треба да стапи на сила 2020 ги собра државите со заедничка цел-намалување на емисиите на гасовите со ефект на стаклената градина, за да глобалното загревање во 2100 би било под два степени Целзиусови.
