Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата ja започна седмицата со 5% поскапување

Нафтата ja започна седмицата со 5% поскапување

Цените на нафтата во раните утрински часови во понеделник беа до највисокото ниво од средината на 2015 година, откако ОПЕК и земјите надвор од групата ја постигнаа првата трансакција од 2001 година за намалување на производството, соопштува Ројтерс.

Американската лесна сурова нафта WTI достигна 54,51 долари за барел, а европскиот репер Брент поскапе до 57,89 долари за барел во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот.

Кон 9:35 часот во понеделникот WTI поскапува со 5,11% до 54,13 долари за барел, а Брентот - со 4,49% до 56,77 долари за барел.

Договорот беше постигнат по речиси една година дебати во редовите на ОПЕК. Сега фокусот на инвеститорите се насочува кон тоа колку ќе се почитуваат ветувањата.

Според инвестициската банка Goldman Sachs просечната цена на WTI во првото полугодие на 2017 година ќе биде 55 долари за барел.

Сепак, некои аналитичари очекуваат производителите, привлечени од повисоките цени, повторно да го зголемат производството.


Слично

Поврзани вести