Нафтата и ФЕД доминираат на пазарот, инвеститорите внимателни!
Доларот поевтини спрема главните валути поради приближувањето на седница на федералните резерви. Индексот на доларот забележа намалување од 0,10% до 97.60.
Еврото поскапе по вчерашните силни податоци за индустриското производство во еврозоната. Единствената валута се зголеми до 1.1049 однос на американскиот долар.
Австралискиот и Новозеландски долар забележаа зголемување односно до 0.7270 и 0.6790 долари. Силен отпор при AUD / USD е нивото на 0.7300, а при NZD - 0.6785-0.6790.
На пазарите USD / MXN отстапи од рекордниот врв кај 17.50. Во моментов, цената е блиску до поддршката на 17.28. По бурната трговска сесија на почетокот на неделава, USD / ZAR успеа да го задржи поголемиот дел од профитот кој ќе се утврди во зоната околу 15.10.
Златото реализира пад во почетокот на неделата. Инвеститорите се во очекување на седницата на Федералните резерви оваа среда. Одлуката, која ќе ја донесе американската централна банка во однос на каматата ќе утврди во која насока ќе се движат благородните метали во наредната година.
Среброто исто така запиша пад. Металот поевтини за 2.06% до 13.73 долари за унца. Платината успеа да ја заврши сесијата на позитивна територија со остварен раст од 0.84% до 852.25 долари.
Главните метали како бакар, цинк и алуминиумот исто поскапеа, поддржани од најсилните економски податоци од Кина. Суровата нафта се тргуваше при зголемена нестабилност. Црното злато успеа да ја заврши сесијата со раст од 2.43%, достигнувајќи 36.27 долари за барел. Нафтата брент се зголеми за 0.79%.
Пониските цени на нафтата, како и некои стравувања поврзани со глобалните кредитни пазари влијаеше негативно на берзите. Европските берзански индекси беа под притисок а EuroStoxx 50 затвори со 2% намалување.
Американските индекси успеаја да поскапат и затворија на позитивна територија. Сега погледите на инвеститорите се насочени кон опаѓање на цените на нафтата и на претстојното заседание на Федералните резерви, на кое ќе се одлучи дали централната банка ќе преземе затегнување на монетарната политика.
