Нафтата губи-ќе биде бесплатна!
Нафтата за 10 до 15 години ќе ја изгуби битката со алтернативните извори на енергија, а за 40 години таа би можела да биде бесплатна.
Ова тврдење го изнесе аналитичарот на Форбс Џон Маулдин додавајќи дека уште не се знае дали цените на нафта воопшто ќе растат во наредниот период затоа што во моментов во светот постојат преголеми залихи на нафта.
Маулдин истакнува дека 60 долари е највисока цена која нафтата во наредните години може да ја достигне.
Алтернативни и обновнливи извори на енергија стануваат се поважни за светската економија, поради што нафтата трпи. Овој тренд ќе продолжи и во наредните години.
Гасот, соларната енергија и енергијата на ветерот имаат се повеќе удел во глобалното производство на енергија, а според одредени проценки во период од наредните 10 години соларната енергија ќе доживее најголема експанзија.
Исто така , возилата кои се движат на електрична енергија стануваат се популарни.
„Долгорочно, за отприлика 40 години, нафтата праќтично ќе биде бесплатна затоа што ќе имаме голем број замени за фосилни горива. Светот нема да има недостиг од нафта, светот сга има премногу нафта“, наведува Маулдин.
