НАФТАТА ГАЛОПИРА: На потег Русија, ќе има пад или нов раст на цените?
Цените на нафтата продолжија да растат после двомесечниот пад кој стандардната нафта ја собори во меѓународната трговија со преку 85 долари на 60 долари за барел.
Растот на цените на нафтата после двомесечниот пад сугерираат дека инвеститорите мислат оти нафтениот картел ОПЕК и државите кои сорабoтуваат со нив, меѓу кои е и Русија, ќе договорат намалување на производството, наведува Асошиејтед прес.
Претставници на земјите произведувачи на нафта ќе се состанат во Виена. Аналитичарите предвидуваат дека ќе договорат намалување од макар милион барели дневно во настојување да ги зголемат цените.
Рускиот претседател пак ги зголеми очекувањата да има таков договор кога на самитот Г20 рече дека Русија и Саудиска Арабија се договориле да го продолжат обидот на ОПЕК да се урамнотежат понудата и побарувачката.
Цените на сировата нафта паднаа во октомври и продолжија со пад во ноември поради поголемо снабдување и страв дека послабиот раст на глобалната економија би можел да ја намали побарувачката за енергенти. Цените на нафтата паднале 22 отсто во ноември.
