Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Нафтата е незаменлива“ - ОПЕК и пркоси на зелената транзиција: Побарувачката за „црното злато“ ќе порасне за 23 отсто до 2045 година

„Нафтата е незаменлива“ - ОПЕК и пркоси на зелената транзиција: Побарувачката за „црното злато“ ќе порасне за 23 отсто до 2045 година

Вкупната глобална побарувачка за нафта ќе се зголеми на 110 милиони барели дневно во 2045 година, објави денеска Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

Генералниот секретар на ОПЕК Хатаим ал-Гаис на конференција во Куала Лумпур изјави дека глобалната побарувачка за енергија ќе порасне за 23,0 отсто во истиот период, пренесува CNBC.

Според неговите зборови, „нафтата е незаменлива во догледна иднина“, а во 2045 година овој енергетски извор сепак ќе има учество од 29,0 отсто во вкупниот глобален енергетски микс.

Хатаим ал Гаис истакна дека до 2030 година уште 500 милиони луѓе во светот ќе се преселат во градовите поради растот на глобалната економија.


„На светот ќе му треба повеќе, а не помалку нафта“, додаде тој.

Во исто време, тој предупреди дека недостатокот на инвестиции во секторот за нафта и гас може да ги загрози постоечките енергетски системи и да доведе до „енергетски хаос“.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) неодамна ја објави својата проценка дека глобалната побарувачка на нафта оваа година ќе достигне 102,3 милиони барели дневно, пренесоа агенциите.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести