Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата допрва ќе поскапува

Нафтата допрва ќе поскапува

Нафтата во светот допрва ќе поскапува. Цените на нафтата може летово  да скокнат на 80 долари за барел или повеќе. 

Побарувачката на нафта се враќа во нормала. Отворањето на стопанствата ширум светот веќе доведе до скок на цената на сировата нафта за околу 40 проценти од почетокот на 2021 година,  пренесува CNBC.

Фјучерсите за Брент сирова нафта од Северното Море, кои се меѓународна референтна цена за „црното злато“, скокнаа денеска за 1,6 проценти на 71,48 долари за барел, што е највисоко ниво од 8 јануари 2020 година.

Цената на американската WTI нафта за јулските испораки зајакна за 1,6 проценти на 68,83 долари за барел, откако во еден момент за време на тргувањето го допре нивото од 69,65 долари. Тоа е највисокото од 23 октомври 2018 година. Во текот на пандемијата, цената на нафтата варираше. 

Слично

Поврзани вести