Нафтата брент чини 122,12 долари за барел, oд полноќ ќе имаме нови цени на горивата
Цената на барел од нафтата брент е 122,12 долари.
Тоа е пораст од 0,42 отсто во однос на затворањето денеска во 09:22 часот.
Зголемувањето на цените е поради оштетувањето на терминал поради невремето во Црното Море и тековните лоши временски услови и целосното запирање на испораките на нафта од нафтоводот CPC (Caspian Pipeline Consortium), кој ја носи нафтата до терминалот. Ова е втор пат месецов цената да надмине 120 долари за барел. Прв пат тоа се случи на 7 март, а пикот беше достигнат следниот ден кога цената се приближи до 128 долари. Oд полноќ во Македонија ќе имаме нови цени на горивата. Тие ќе бидат објавени во текот на денот.
foto freepik.com
Слично
