Нафтата бележи рекордно ниски цени
Еден барел нафта на пазарите во Лондон денеска се продавал по рекордно ниска цена која била заокружена под 57 американски долари, што е ново најниско ниво во последниве пет години, односно цената за еден барел паднала за 1,14 долари во однос на претходниот ден и изнесувала 56,74 долари.
Експертите забележуваат дека ова е најниско ниво на цената на овој енергенс забележано од мај 2009 година.
На пазарот во америка пак, цената на црното злато паднала за 75 цени, и сега нафтата се продава по цена од 52,86 долари, што исто така е најниското во изминативе пет ипол години.
Испораката на нафта од Либија е во прекин поради опсадата на паравоените единици на завторени пристаништата. Оваа членка на Организацијата на земји произведувачи на нафта (OPEC) речиси воопшто не извезува од овој енергенс што пак го намали стравувањето од презаситеност на пазарот која пред се е предизвикана и од зголеменото американски производство на висококвалитетна нафта од нафтени шкрилци.
Се очекуваше дека „OPEC“, кој црпи третина од вкупното количество од светската нафта, ќе го намали своето производство за да ги стабилизира цените, но во ноември одлучи да го задржи нивото на производство непроменето и го остави пазарот самиот да ги пронајде соодветните ценовни нивоа.
Слично
