Нафташите и државите во шок, нафтата ….
Американската нафтена комапнија Ексон Мобајл известила дека во второто тромесечие добивката паднала речиси за 60 отсто поради ниските цени на нафтата и слабите рафинериски маржи.
Добивката се спуштила на 1,7 милијарди долари, што е пад од 59,4 одсто во однос на нивото пред година дена, пренесува Франс прес, додавајќи дека профитот по акција сега изнесува 41 цент, што е далеку под проценката на аналитичарите кои очекувале 64 центи по акција.
Приходите паднаа за 22,2 проценти, на 57,7 милијарди долари.
Ваквиот резултат е последица на крахот на цените, бидејќи Ексон Мобајл морал да ја продаде сировата нафта по ниска цена отколку во истиот период пред година дена, а исто така претрпел и пад на добивката од преработка на сировата нафта во бензин и други нафтени деривати.
Профитот од преработки паднал за 45,2 отсто, на 825 милиони долари.
Вредноста на акциите на Ексон Мобајл ослабнала 2,6 отсто, на 87,9 долари по објавување на резултатот.
Падот на профитот бележат сите најчести нафтени компании.
Венецуела поради падот на нафтата, која е и така кажано единствен извозен производ, на работ на глад, а Русија која исто така делумно зависи од извозот на нафта најави дека ќе повлече пари од државниот фонд соочена со дефицитот поради ниската цена на нафта.
