Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафташите ги боли глава поради САД

Нафташите ги боли глава поради САД

Цените на нафтата се различни, пред извештајот за резервите во САД и поради фокусирањето на трговците со ескалацијата на насилство во Либија, земја произведувач на нафта.

Американската „лесна“ нафта WTI за испорака во април поскапела на Њујоршката берза за два центи на 50,54 долари, додека нафтата од типот „брент“ за априлската испорака во Лондон поевтинила за 29 центи на 60,73 долари, пренесува Франс прес.

Аналитичарите проценуваат дека конечниот извештај за резервите на САД, кој ќе биде објавен подоцна во текот на денов заклучно со 27 февруари, ќе го покаже скокот на резервите на сирова нафта, што е показател на слабата побарувачка во најголемите светски економии.

„Ова ќе биде лоша вест за опоравување на цената“ изјавил менаџерот на токиската компанија „Астмакс инвестменст“ Тетс Емор.

Според анкетите на Блумберг, резервите на сирова нафта најверојатно минатата недела пораснале за 3,95 милиони барели, и во овој момент изнесуваат околу 434,2 милион барели, што е највисокото ниво на резерви од почетокот на нивното официјано мерење од 1982 година.

Аналитичарите тврдат дека трговците се фокусирани на немирите во Либија, откако исламските борци вчера превземале контрола над најмалку две нафтени полиња во централна Либија.

Слично

Поврзани вести