Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАФТАШИТЕ БАРААТ: Власта јавно да обелодени на кои бензински пумпи се продава чкарт гориво!

НАФТАШИТЕ БАРААТ: Власта јавно да обелодени на кои бензински пумпи се продава чкарт гориво!
Додека Државниот пазарен инспекторат ги држи во тајност имињата на компаниите кои продавале гориво со помалку октани, дел бизнисмените од нафтениот сектор излегоа со реакции. Бараат пазарните инспектори јавно да ги обелоденат имињата на петте фирми кои продавале неквалитетно гориво. Мите Јовановски сопственик на компанијата Макоил за Фактор вели дека потрошувачите имаат право да знаат кои се фирмите кои продaвале гориво со помалку октани и дека истите треба да бидат казнети. -Горивото кое содржи помалку октани има помала енергија. Јас не сум увозник, но купувам од тие што увезуваат и имам право да знам кои се компаниите кои продавале гориво со помалку октани, а и имаат право и потрошувачите да ги знаат имињата на тие компании. Треба да знаеме што купуваме и со каков квалитет е тоа. Пазарните инспектори не смеат да го кријат тоа. Пред неколку месеци и кај мене беа од Пазарен инспекторат, земаа мостри но сеуште не ми ги кажале резултатите, вели Мите Јовановски, сопственик на “Макоил”. Со реакција излезе и компанијата Окта. Оттаму тврдат дека не се меѓу петте компании кои продавале неквалитетно гориво. -Нашето гориво се проверува три пати, квалитетот на нашето гориво e најдобар и е во согласност со највисоките стандарди. Името на ОКТА беше споменато во неколку медиумски натписи во однос на квалитетот на горивото кое се продава до крајниот потрошувач. За расчистување на секаков сомнеж би сакале да појасниме дека ОКТА не е една од петте компании за кои Пазарниот инспекторат откри дека во измината година продавале гориво со помалку октани. Државните органи прават најдобро што можат, но често се во недостиг на средства и ресурси за ефективно да го контролираат пазарот. Проблемот со увоз на гориво со низок квалитет од страна на неколку независни увозници,во повеќе наврати беше идентификуван од страна на ОКТА и пријавен во Пазарниот инспекторат, велат од   ОКТА. Во еден од извештаите на Пазарниот инспекторат се посочува дека во стотина контроли извршени минатата година, од 14 контролирани фирми,  инспекторите откриле дека пет компании продавале гориво со помалку октани. Од Пазарниот инспекторат не успеавме да добиеме став  кои се компаниите и како ќе бидат казнети. Каде и како се испитува квалитетот на горивата? Како се заштитетни потрошувачите и дали знаат со каков квалитет е горивото што го употребуваат за автомобилите? Во земајава сеуште не постои независна државна лабораторија. Акредитирани лаборатории имаат комапниите Окта и Макпетрол. Дел од експертите коментираат  дека во Македонија постои сериозен проблем со контролата на квалитетот на горивата кои се продаваат на бензинските пумпи и предупредуваат дека  редовна контрола за квалитетот на горивата се прави само при нивниот увоз од страна на царината, додека подоцнежната употреба на горивата на пумпите останува проблем. Неквалитетните горива се штетни за автомобилите,  а дополнително зголеменото присуство на сулфур и на штетни честички во бензините се една од главните причини за загадувањето на воздухот Дел од бизнисмените во овој сектор имаат, а дел најавуваат отворање на свои лаборатории. -Засега сметам дека горивото што се увезува од Албанија е најквалитетно.Кај нас се увезува и од Србија, Грција, Бугарија. Ние мора да знаеме каво гориво купуваме, со каков квалитет и тоа да го докажаеме пред потрошувачите.  Јас инвестирав над 200.000 евра во лабораторија и кога ќе почне со работа ќе докажам што е квалитет. Веќе имам апарти за испитување на вода и специфична тежина, вели Мите Јовановски, сопственик на “Макоил”. Дел од експертите постојано укажуваат дека мора да се формира независна лабораторија за проверка на квалитетот на нафтените деривати. -Потребно е и да се формира афирмирана независна лабораторија за проверка на квалитетот на нафтените деривати, со оглед дека,  во земјава квалитетот на дериватите се утврдува со правилник за квалитет на течни горива, но практично неговата примена е проблематична, изјави неодамна за Фактор Митко Андреевски, енергетски консултант. Македонија е увозно зависна од нафтени деривати. Во Македонија има 280 бензински станици. Регулаторната комисија за енергетика има издадено 49 лиценци од областа на нафтата и нафтени деривати. Од нив 34 вршат трговија на големо и увоз на  нафта и нафтени деривати. Т.С
Слично

Поврзани вести