Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАФТА: Залихите во САД се зголемија, цените растат

НАФТА: Залихите во САД се зголемија, цените растат

Цените на нафтата денеска пораснаа, но тој раст бил ограничен поради загриженоста околу складирањата во САД, најголемиот светски потрошувач на нафта, наведуваат аналитичарите.

Барел на американската „лесна“ (WTI) нафта за испорака во март поскапела на меркантилната берза во Њујорк 69 центи на 49,53 долари, додека барел на северноморска нафта од типот „брент“ за мартовската испорака на пазарот во Лондон поскапел 34 центи на 55 долари, пренесува Франс прес.

Американското Министерство за енергетика вчера соопштило дека залихите на сирова нафта во неделата заклучно со 6 февруари пораснале 4,9 милиони барели. Залихите се на највисоко ниво во последните 80 години, додава министерството.

Цените се под протисок со месеци, а од јуни минатата до крајот на јануари оваа година паднаа околу 60 одсто, најголем дел поради растот на глобалните резерви во светло на силното производство од шкрилци воСАД.

Во последните неколку недели, меѓутоа, цените се во благ пораст, поради намалување на бројот на бунари во САД и намалување на обемот на инвестиции на нафтените компании.

Инвеститорите исто така будно ги следат преговорите а грчкиот јавен долг.

Слично

Поврзани вести