Наезда на диви свињи ги исплаши туристите на плажите во Хрватска
Хрватските медиуми пишуваат дека по плажите се појавуваат диви свињи кои ги плашат туристите.
Според пишувањата, дивите свињи се гладни, и затоа има наезда, се појавуваат и по бавчи, дворови.
„Молат е полн со диви свињи. Не угушија. Јадат по бавчите“, вели рибар за Слободна Далмација.
Томислав Дражовиќ од ловечкото друштво „Гулаб“, раскажува дека ги хранат дивите свињи со пченка и зеленчук на оддалеченост од 2 километри.
Тој вели дека нарачале пченка од Славонија, а воедно ќе прскаат на три места кои се најзагрозени со цел дивите свињи да не се приближуваат. Нема ограничувања за отстрел на диви свињи на островите, но ловците тоа ќе го направат во септември, затоа што сега трае туристичката сезона.
Слично
