НАЕСЕН ДЕФИНИТИВНО ЌЕ ГИ ВАКЦИНИРАМЕ ДЕЦАТА: Може да има пунктови во школите, Цапак со детали за оваа возрасна група
Директорот на
хрватскиот Завод за јавно здравје, Крунослав Цапак денеска изјави дека наесен
дефинитивно ќе стартуваат со вакцинација на младите од 12 до 18 години.
„Имаме една вакцина која е регистрирана за деца на возраст од 12 до 18 години, тоа е вакцината Фајзер и многу скоро ќе ја имаме и Модерна. Важно е што има педијатриски дози на Фајзер и веднаш штом беше регистрирана вакцината, објавивме дека децата не беа приоритет во тоа време, но треба да се вакцинираат деца кои биле хронично болни и кај кои вирусот може да предизвика посериозно заболување. Исто така, рековме дека оние деца кои имаат во семејството хронично болни членови ќе мора да бидат вакцинирани. Дефинитивно ќе ги вакцинираме децата наесен, но како што знаете, вакцинацијата за возрасни е на доброволна основа, така ќе биде и за децата. За оние под 18 години, родителот мора да потпише образец за согласност. Како тоа ќе функционира во пракса ќе размислуваме наесен. Постојат амбуланти за училишна медицина, па постои можност вакцинацијата да се организира во ординациите а постои можност да се организираат и вакцинални пунктови во училиштата. Ќе видимњ наесен, објасни Цапак.
ФОТО: N1