Економија, финансии, бизнис

Контакт

Надзорниот одбор на АД ЕСМ тврди дека немаат тинејџер во сопствените редови

Надзорниот одбор на АД ЕСМ тврди дека немаат тинејџер во сопствените редови

Надзорниот Одбор на АД Електрани, по старо АД ЕЛЕМ, демантира дека во своите редови како член има 18-годишен тинејџер. Ваквата реакција следи по емисијата ,,Топ Тема” синоќа на телевизија Телма.

„Демантираме дека неименувано лице на 19-годишна возраст е член на Надзорниот одбор на АД ЕСМ, како беше изјавено во синоќешната емисија. Такво лице, во составот на одборот не постои. Составот на Надзорниот одбор на АД ЕСМ е јавно достапен, познат и доставен до повеќе новинари и медиуми кое се обратиле до АД ЕСМ. Исто така, истиот заедно со биографиите на секој член поединечно се објавени на официјалната страница на компанијата“, се вели во реакцијата.

Од таму велат дека во Надзорниот одбор има двајца доктори на науки, професори на два универзитети, магистри по економија и електротехника и електроинженери со долгогодишно искуство.

„Сметаме дека е недозволиво преку неодговорно и паушално изнесување шпекулации да се оцрнува угледот на Надзорниот одбор, како и на членовите во истиот, кои имаат свои долгогодишни и стручни кариери“, се додава во соопштението.


Слично

Поврзани вести