Надворешниот долг на Македонија е скоро 30 отсто од БДП
Надворешниот долг на Македонија изнесува 29,3 проценти од БДП.
Надворешниот долг на крајот на вториот квартал од годинава изнесува 3.395 милиони евра, објави попладнево Народната банка. Поголемо учество во вкупниот нето долг има приватниот долг (60 проценти). Бруто надворешниот долг изнесува 10.159 милиони евра или 87,6 проценти од БДП и бележи квартално зголемување од 353 милиони евра. Бруто надворешните побарувања „тежат“ 6.764 милиони евра или 58,3 проценти од БДП и имаат зголемување од 246 милиони евра.
Слично
