Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАДЛЕЖНИТЕ СО ПОРАКА: Граѓаните да се воздржат од купување авиобилети

НАДЛЕЖНИТЕ СО ПОРАКА: Граѓаните да се воздржат од купување авиобилети

Граѓаните да се воздржат од купување авиобилети, порачуваат од Министерството за транспорт и врски.

Oдлуката за затворање на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид е сè уште на сила. 

Оваа препорака е за граѓаните затоа што уште не се знае кога патувањата ќе се реализираат. 

„Сè додека не се донесе друга Одлука, аеродромите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитарни и карго летови без патници. Со оглед на настанатата состојба со вирусот ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници“, се вели во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

На 18 март се затвори скопскиот аеродром, а охридскиот беше затворен неколку дена претходно. 

Ова беа меѓу првите мерки за заштита од ширење на коронавирусот. 

Идентични мерки преземаа земјите во регионот и пошироко. 

Слично

Поврзани вести