Економија, финансии, бизнис

Контакт

Надлежните смируваат – во Македонија нема заболени од опасниот МЕРС вирус

Надлежните смируваат – во Македонија нема заболени од опасниот МЕРС вирус
Министерството за здравство ги презема сите превентивни мерки и веќе набави тестови за детектирање на смртоносниот МЕРС вирус. Јованка Kостовска, раководител на секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, вели дека Kлиниката за инфективни болести во Скопје е подготвена за испитување и третман на заболен. До сите матични лекари е дистрибуирана информација за потребата веднаш да алармираат за секаков сомнеж за можна појава на заболен од МЕРС-корона вирус. Во Македонија засега не е регистрирано лице заболено од овој корона вирус со висока смртност. Најблиску во соседството вирусот беше детектиран кај едно лице во Грција, кое се вратило од пат од Саудиска Арабија, каде што се шири овој вирус. Министерството за здравство вчера затоа издаде и посебни препораки за претпазливост за македонските граѓани кои имаат намера да заминат на аџилак во оваа земја околу Рамазан Бајрам.
Слично

Поврзани вести