Надлежните ја кријат студијата. Плаќаме ли три пати поскап гасовод?!
Молк во институциите по обелоденувањето на веста дека Македонија плаќа три пати поскапа изградба на гасовод. Станува збор за гасоводната делница Клечовце – Неготино, која ја плаќаме 77 милиони долари, иако студијата нарачана од Владата покажала дека оваа делница треба да чини 24 милиони долари, пренесува Алсат-М.
За ваквото тврдење,на енергетскиот консултант Митко Андреевски, како што пишува гореспоменатиот медиум надлежните институции четири дена се без конкретен одговор.
Министерството за транспорт и врски и Македонски енергетски ресурси – МЕР, си ја префрлаат топката. Министерството тврди дека студијата е кај МЕР, а тие пак велат дека не ја поседуваат.Ова го отвара прашањето, ако никој не ја поседува студијата, како се гради гасоводот или пак можеби студијата ги крие сумите кои би покажале дека плаќаме поскап гасовод.
Слично
