Економија, финансии, бизнис

Контакт

Надлежните ја блокираа сметката на Макпетрол

Надлежните ја блокираа сметката на Макпетрол

Макпетрол денес се соочи со блокирана сметка, која одлука била донесена доцна вечерта од скопскиот суд по барање на Обвинителството.

Оваа вест за 24 вести ја потврдиле извори блиски на компанијата, а медиумите пренесуваат дека се блокирани сметките и на уште неколку фирми.

Од Обвинителство велат дека е оформен предмет за случајот, а засега дополнителни информации за постапката не откриваат бидејќи биле во во интерес на истрагата.

„Немаме информации од обвинителката што работи на случајот и дали е замрзната сметката на компанијата", соопштиле пак Обвинителството.

Имено, МВР вчера поднесе кривична пријава против 18 акционери  во Макпетрол.
Овој случај предизвика лавина од реакции во јавноста. Домашната експертска јавност прашува зошто институциите чекале толку долго и дури сега е поднесена кривична пријава кога случајот се однесува на дејствија од 2006 -2007 година.
Дел од аналитичарите кривичната пријава против Јосифовски ја толкуваат и како притисок врз Телма Телевизија, чиј сопственик е Макпетрол.
Од Макпетрол пак реагираат и велат дека работат законски и дека пријавата е тенденциозна и неоснована.

Слично

Поврзани вести