Надлежните ги отстрануваат дефектите од вчерашното невреме
Со координирани акции и постојано чистење на регионалните и магистралните патишта во земјава како и со навремено отстранување на дефектите ќе се овозможи нормализирање на ситуацијата во Македонија настаната по вчерашното невреме со поголеми наноси на снег на територијата на државата.
По излегување на терен на надлежните служби патот Скопје-Велес повторно е прооден откако возилото кое го блокираше сообраќајот е отстрането, а додека пак на патот Кичево-Охрид во тек е отстранувањето на товарните возила.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во текот на денот ќе го посети автопатот Кичево Охрид, за на терен да ја увиди состојбата.
Поголеми дефекти во електричната мрежа регистрирани се во Охрид, Струга и Ресен, каде, како што јавуваат службите од Мепсо и ЕВН, нивни екипи веќе се излезени на терен и работат на отстранување на пречките во снабдувањето на електрична енергија.
Од таму велат дека корисниците ќе добијат струја за најмалку три до четири часа.
Слично
